Начин на избор

Во однос на изборот Жена на Годината 2024, при самото номинирање и гласање на жирито, во предвид ќе се земат следниве:

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР:

  1. Забележале значајни професионални резултати
  2. Реализирале општествено значајни проекти
  3. Препознатливи се како жени со највисоко ниво на деловни и етички стандарди

Кога станува збор за фазите во изборот, предвидената динамика е следна:

I ФАЗА – Номинирање (отворено до 01.12.2024)
Отворено номинирање на кандидатки преку веб форма на сајтот www.zenanagodinata.mk и стопанските комори. Номинирањето може да се изврши и на следниов ЛИНК.

II ФАЗА – Пред Селекција
Избор на Топ 5 кандидатки по категорија од страна на организаторот кои ќе влезат во финално гласање од жири комисијата.

III ФАЗА – Финално гласање
Финално гласање на 10 члено жири составено од претставници на медиуми, стопански комори и организаторот кои ќе ги одберат победничките по категории.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ: 12.12.2022 во склоп на конференцијата “Жени Претприемачки” која ќе се оддржи во “Музеј на македонската борба” во Скопје.