Жири комисијата на изборот за “Жена на годината” е составен од претставници од медиуми, приватен сектор, стопански комори, истражувачки агенции и образовни институции.
Неизмерно им сме благодарни на членовите на нашето Жири кои се строги, но правични професионалци и секоја година ни помагаат да го направиме најдобриот избор на дамите кои ја одбележале годината што изминува.
Членови на жири комисијата за оваа година се претставници од следниве медиуми: “Женски Магазин”, “Црно Бело”, “Факултети”, “Убавина и Здравје”, “Опсервер”, “Центар” , “Маркетинг365” и “Среќа”; БАС Универзитетот, компаниите Касиа Евентс и Пејџленд кои учествуваат во организација на настанот, истражувачката компанија Инсајдер ИД како и селектирани претходни добитнички на некоја од наградите “Жена на годината”.
