Дури 437 интернет корисници номинирале кандидатки во една од 10-те категории во годинешниот избор за “Жена на годината”.
Интернет публиката, како и секој година, имаше можност преку официјалниот веб портaл на изборот – www.zenanagodinata.mk да номинира свои фаворитки до 1 декември 2024.
Процесот сега е во рацете на жири комисијата која ќе гласа за топ 5-те финалистки и ќе одлучи кои жени годинава ќе го понесат лауреатот за Жена на годината во вкупно 10 различни категории: Жена на годината; Жена со трајни вредности ; Жена менаџерка на годината; Млада жена менаџерка на годината; Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата; Жена со најголеми достигнувања во културата; Жена со најголеми достигнувања во спортот; Жена со најголеми достигнувања за општеството; Жена со најдобар стил и Инфлуенсерка на годината.
Критериумите по кои се води жирито се:
1.Забележале значајни професионални резултати
2.Реализирале општествено значајни проекти
3.Препознатливи се како жени со највисоко ниво на деловни и етички стандарди
Имињата на годинешните победнички ќе бидат познати во петок 13.12. 2024 година, кога во рамки на конференцијата “Жени претприемачки” ќе се оддржи свечената церемонија.